Број на текстови објавени денес: 41
Урбани вести

18. ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ МУЗИЧКИ НАТПРЕВАР „ОХРИДСКИ БИСЕРИ“

Со пригодна свеченост, започна 18. издание на интернационалниот музички натпревар „Охридски Бисери“. На отворањето свое обраќање имаше советникот во Советот на Општина Охрид, Филип Јованоски.

– Охрид покрај тоа што е туристички и културен центар, слободно може да го носи епитетот најфестивалски град. Покрај најголемата културна манифестација „Охридско лето“, се одржуваат и бројни фолклорни, фестивали на класична музика, забавна, фолк, рок, поп и етно музика. Сите фестивали, во текот на годината привлекуваат огромен број на посетители, сите си имаат своја публика, но сите заедно создаваат еден специфичен амбиент кој е магнет за привлекување што поголем број домашни и странски туристи. Своето обраќање ќе го завршам со мислата на големиот Фредрих Ниче: „Без музика, животот би бил грешка“.  Убавото време искористете го за прошетка низ Охрид, и се надевам дека сите ќе понесете убави спомени од древниот град, истакна Јованоски.

Натпреварувањата ќе се одвиваат во повеќе дисциплини и категории. За сите учесници предвидени се признанија за учеството, а за најдобрите предвидени се вредни награди.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ШТАНДОВИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА АНКЕТАТА „ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО“

saso user

Малолетно дете физички нападнато од 62 годишен охриѓанец

saso user

ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС „ЕСЕНСКИТЕ ГРАДИНИ СО ЗЛАТНИ БОИ ГРСТ ПЛОДОВИ СТАВААТ ВО ДЛАНКИТЕ ТВОИ“

saso user