Сцена

Не сме заљубени, едвај се поднесувавме

Стефан и Елена од познатата американска серија „Вампирски дневници“, надвор од снимањата, никогаш не се сложувале.

– Пол и јас не се сложувавме во почетокот на снимањето. Го почитував Пол Весли, но не ми се допаѓаше – рече Нина Добрев во епизода од „Directionally Challenged“.

Медиумски водителки се нејзините колешки од серијата, Кандис Кинг и Кајла Евел.

– Се сеќавам како сите ми приоѓаа по емитувањето на серијата и ми велеа „Дали ти и Пол сте во врска во реалноста?“. Сите мислеа дека имаме добра хемија. Сега разбирам дека е тенка границата меѓу љубовта и омразата, а ние толку многу не се поднесувавме, што другите мислеле дека сме вљубени. Навистина не се согласувавме можеби првите пет месеци од снимањето – рече Добрев.

Но, таа додаде дека од сите нејзини поранешни колеги, сега најчесто се гледа со Весли.

– Мислам дека сме најблиски, многу добри пријатели сме и ја обожавам неговата сопруга. Интересно е колку многу се смени од тогаш, никогаш немаше ни да помислам дека тој би бил еден од моите најдобри пријатели – рече Добрев.

ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

ФОТО 2: EPA / BRUNO BEBERT

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Штотуку се свршија, a Родригез се најде среде скандал: Престани да ја изневеруваш Џенифер!

saso user

Адел ослабела 20 килограми, позира во секси фустан ФОТО

saso user

Сопругот на Северина признал на суд дека оставил чуден пакет пред домот на Милан Поповиќ

saso user