Сцена

Почина режисерот Франко Зефирели

Познатиот италијански филмски и оперски режисер Франко Зефирели почина денеска во Фиренца на 96-годишна возраст.

Зефирели во својата кариера режирал повеќе од 20 филмови, меѓу кои најпознати се „Исус од Назарет“ и „Ромео и Јулија“, за кој беше номиниран за Оскар за најдобра режија.

Тој работел со ѕвезди како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Лоренс Оливие, Алек Гинис, Феј Данавеј и Џон Војт.

Заедно со Федерико Фелини, Лукино Висконти и Виторио Де Сика, Зефирели важеше за еден од повоените италијански филмски гиганти.

– Франко Зефирели, еден од најзначајните личности во културата, почина утрово. Збогум маестро, Фиренца никогаш нема да те заборави – објави на Твитер градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тамара со Proud во финале на Евросонг ВИДЕО ГАЛЕРИЈА

saso user

Полански ја тужи американската Академија за филмски уметности и науки

saso user

Kукла и слики од бебиња пронашле детективите на креветот во кој починал Мајкл Џексон ФОТО

saso user