Број на текстови објавени денес: 34
Бизнис

Оштетени цевки оставија земјоделци од штипско–карбинскиот регион без вода за наводнување

Жителите од карбинскиот регион остана без вода за наводнување. Земјоделците реагираат дека житото и детелината им се исушиле, бидејќи при изградбата на експресниот пат Штип-Кочани оштетени се повеќе цевки од системот за наводнување.

Имено, 50 семејства од селото Долни Балван во општина Карбинци бараат водата од езерото Калиманци што побрзо да пристигне до нивите. Алармираат дека ако за десеттина дена не им се реши проблемот ќе останат без род. Тврдат дека станува збор за околу илјада хектари.

– Мумуруските горат, детелината, тоа што искосивме тоа е, другото се исуши, се е суво како барут, нема повеќе ниту детелина ниту мумуруска. Нема никаков принос. Пченката веќе е изгорена, за детелината и да не зборувам. Како понатаму, не знам – вели земјоделецот Иванчо Василев од селото Долни Балван.

Раководителот на ЈП Водостопанство „Овче Поле“, Владо Ивановски информира дека градежната компанија мора да ги санира цеквите за наводнување, со цел земјоделците да добијат вода до нивните ниви.

– Во Балван имаме проблеми од изградбата на експресниот пат кон Кочани. Таму од двете страни има искршено цевки кои не се поправени. Од Балван до Каратманово состојбата е сериозна. Системот треба да го санира изведувачот на работите „Гранит“ и да ни го предаде во употреба, а тоа се уште не е направено – вели Ивановски.

ФОТО: МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Изборите пречка за зголемување на бројот на државни ревизори

saso user

Тевдовски оптимист: Економијата годинава ќе порасне над три отсто

saso user

МТСП: Со Младинската гаранција ја намалуваме невработеноста кај младите во Северна Македонија

saso user