Македонија

Одложено рочиште за штипски „Бетон“, стечајниот управник бил претрупан со работа

Во Основниот суд во Штип денеска е одложено судското рочиште за отворање или не на стечајна постапка за градежната компанија „Бетон“.

Судијката, Маја Џорлева од Основниот суд во Штип кој го води предметот вели дека причината за одлагањето е се уште не готов извештај на привремениот стечаен управник Драги Димовски од Струмица кој има, како што вели, обемна работа за подготовка на овој извештај, бидејќи мора и да изанализира околу 30 имотни листа, односно објекти т.е. недвижен имот што се во сопственост на компанијата „Бетон“. Затоа се дава и рок на привремениот стечаен управник да го направи извештајот, а рочиштето е презакажано за 2 јули.

Тројца доверители бараат отворање стечајна постапка за компанијата „Бетон“, но со отворањето на извештајот на 2 јули ќе се знае колкав е долгот и побарувањето на оваа компанија.

Судијата има одредено и времена мерка, односно забрана за располагање на имотот и за негово извршување. Џорлева појаснува дека со оваа мерка имотот на „Бетон“ не може да се продаде, ниту, пак, да се наплати долг преку извршители.

Компанијата „Бетон“ пред неколку години беше втора по големина градежна компанија во земјава, а на јавноста и е позната како најголем корисник на тендерите за проектот „Скопје 2014“ за што заработи и 55 милиони евра. Оваа компанија беше споменувана и во „бомбите“ кои како доказен материјал завршија во СЈО.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кичевци за отец Партениј: На многаја лета, владико на нашите срца

saso user

Стартува Централниот регистар на население

saso user

Ахмети за половина час ќе тргне од Кичево за да гласа во Собранието

saso user