Бизнис

Шилегов за јубилејниот роденден тортите ги подари на деца ФОТО

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска наполни 50 години.

Тој на Фејбук им се заблагодари на сите за роденденските честитки и објави фотографии од тортите што ги добил за роденденот.

– Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Моите желби се исти како и вашите, да бидеме среќни, да се радуваме на животот и заедно да ги славиме убавите моменти. Но, една од најголемите желби за радост ми се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Затоа, овие роденденски торти коишто денес ги добив, ги праќам за децата од „СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневенот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност. Да им посакаме да бидат здрави, среќни и радосни, напиша Шилегов.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Грчко-македонска соработка во оризопроизводството и заштита на рибниот фонд

saso user

ССК: Дилеми за трансферот од јавна администрација во приватен сектор

saso user

Драстичен пад на профитот на „Ербас“

saso user