Број на текстови објавени денес: 13
Свет

Франција депортира 50 албански државјани кои барале азил

На меѓународниот аеродром во Тирана, со посебен авионски лет француските власти депортираа 50 албански државјани.

Реадмисијата е спроведена во соработка меѓу полициите на двете земји, а станува збор за семејства со мали деца на кои им е отфрлено барањето за азил.

Заменик-министерката за внатрешни работи, Ровена Вода, која беше на аеродромот при нивното пристигнување, истакна дека секој обид да се побара азил е залуден затоа што Албанија се наоѓа на листата на безбедни земји.

– Нашата земја е оценета како безбедна. Поради тоа апелирам до сите наши граѓани да не преземаат ниту чекор во оваа насока, туку да побараат правни начини за да бидат вработени во земјите на ЕУ – порача Вода.

Директорот на Одделот за граница и миграција при Државната полиција, Едуарт Меркај истакна дека во изминатите пет месеци бројот на летови со депортирани албански граѓани се зголемил не само со Франција, туку и со многу други земји на ЕУ.

Според албанските власти, во просек годишно во некоја од земјите членки на ЕУ, најмногу во Франција и Германија, за азил аплицираат по околу 20.000 албански граѓани.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Боксерот Пулев објави компромитирачко видео со новинарката што го тужи (ВИДЕО)

saso user

Пацоли: Косово треба да ги исполни барањата на САД и западните сојузници

saso user

Туск: Има 30 отсто шанси да не се случи Брегзит

saso user