Здравје

Фластер за зацелување на болно срце ќе се тестира на луѓе (ВИДЕО)

Врз група доброволци, наскоро ќе започне тестирање на нов вид природно зацелување на срце, коешто се одвива со помош на матични клетки, по настанат срцев удар, јави Би-Би-Би.

Овој принцип на природно лекување вклучува нешто налик на „фластер“ кој се „зашива“ на оштетениот дел од срцето и се претвора во здрав функционален мускул, а во истовреме ослободува хемикалии кои го обновуваат ткивото.

Срцевиот удар настанува кога затнатата артерија го блокира дотокот на крв во срцев мускул, по што прекинува снабдувањето со кислород и хранливи материи. Тоа може да значи и трајно оштетување на срцето.

Првичните тестови се покажаа успешни, а испитувањето на луѓето треба да почне наредниве две години, соопштија кардиолозите од Универзитетот Империјал колеџ во Лондон.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Го топи салото, го чува стомакот, го намалува холестеролот: Тајните на зачинот ким

saso user

Сода-бикарбоната може да ги замени пестицидите: Како да ја користите за да го спасите овошјето од пропаѓање

saso user

Како влијае отфрлањето на таткото врз социјалните вештини на детето

saso user