Број на текстови објавени денес: 101
Свет

Уапсени повеќе од 200 луѓе на протестот за поддршка на Голунов

Повеќе од 200 луѓе се уапсени бидејќи протестирале на недозволен собир во центарот на Москва во знак на поддршка на новинарот Иван Голунов, соопшти локалната полиција.

– Околу 1.200 лица учествуваа на недозволениот јавен настан – истакна портпарол на полицијата, додавајќи дека над 200 од нив се уапсени поради административно кршење на членот 20.2 од Кривичниот закон на Русија.

Приведените лица се однесени во полициски оддели за натамошна истражна постапка.

Во претходните извештаи е наведено дека меѓу уапсените се наоѓа и рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.

Градските власти претходно одобрија собир за 16 јуни, објаснувајќи дека денеска во Москва се одржуваат културни настани посветени на прославата за Денот на Русија.

Полиција вчера ги отфрли обвиненијата против Голунов за наводна трговија со дрога, по протестите на приврзаниците на новинарот кои тврдеа дека му е подметнато поради известување.

Голунов (36), новинар познат по тоа што разоткриваше корупција меѓу московски функционери, беше уапсен минатиот четврток и обвинет за трговија со дрога, што тој го негираше.

Рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколцев вчера изјави дека во тек е интерна истрага за притворањето на истражувачкиот новинар Иван Голунов и оти ги суспендирал полициските службеници кои учествувале во тоа.

Колоколцев рече дека ќе бара од претседателот Владимир Путин да отпушти двајца високорангирани генерали на московската полиција поради тој случај.

Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мадуро повика на масовна мобилизација

saso user

Вилата од 5,5 милиони евра на грчки Мелос остава без здив (ФОТО)

saso user

Набргу договор за признавање на четири дипломи на Балканот

saso user