Број на текстови објавени денес: 101
Свет

Сеул повикува на нова средба Трамп-Ким

Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин денеска повика на одржување нова средба меѓу неговиот американски колега Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, нагласувајќи дека подолгорочна стагнација во дијалогот ќе ја ослаби нивната желба за разговори за состојбата на Корејскиот Полуостров.

– Ако периодот без дијалог се одолговлече, тогаш може да ослаби страста за дијалог – изјави Мун за време на посетата на Осло, додавајќи дека е пожелно Ким и Трамп да се сретнат во блиска иднина.

Првата средба меѓу Трамп и Ким се одржа пред една година во Сингапур, при што беше постигната согласност двете страни да работат на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Трамп и Ким имаа и втора средба на крајот на февруари годинава во Ханој, која заврши без какво и да е договор и беше оценета како неуспешна.

– Со тоа што втората средба меѓу САД и Северна Кореја во Ханој не доведе до конкретен договор и по неа не видовме каква и да е иницијатива за трета средба на врвот… можам да кажам дека во суштина доаѓаме до еден вид ќорсокак – изјави Мун

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Извештај: Со климатските промени човековиот род оди кон истребување

saso user

Загинаа 24 пожарникари во шумски пожар во Кина

saso user

Стипе Месиќ за војната во СФРЈ: Не беше потребна!

saso user