Број на текстови објавени денес: 101
Спорт

Погба: Не ги зедов јас сите пари од скапиот трансфер

Фудбалерот од Манчестер јунајтед и француската репрезентација, Пол Погба, го сподели своето мислење за влијанието на цената на неговиот трансфер врз очекувањата за неговите игри.

– Поради фактот дека тоа беше најскапиот трансфер во историјата на фудбалот во тоа време, луѓето очекуваат повеќе од мене. Знаев дека ова ќе се случи, но не мислев дека ќе има толку многу негативност. Тоа беше нешто ново за мене. Не знаев дека трошоците за трансфер ќе влијаат толку многу на мислењето на луѓето. Можеби мислат дека јас ги имам овие пари, но не е така. Не знам зошто ме критикуваат поради тоа – изјави Погба.

Французинот не знае каде ќе ја продолжи кариерата. За него се интересираат неколку клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, а според последните информации од Англија, тренерот на Јунајтед смета на него за следната сезона.

ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ѓоковиќ без борба обезбеди полуфинале во Мадрид

saso user

Тренерот на Порто за Касиљас: Животот е најважното нешто

saso user

Брестовац нов селектор на ракометарите

saso user