Број на текстови објавени денес: 13
Урбани вести

ОУ„БРАТСТВО ЕДИНСТВО” СЕ ЗБРАТИМИ СО ОУ„ДОМОВИНСКЕ ЗАХВАЛНОСТИ” ОД КНИН, ХРВАТСКА

Група наставници од ОУ „Братство Единство” од Охрид, предводени од директорот Џемал Мехмед, од 8-ми до 11-ти јуни 2019 година, беа во официјална посета на ОУ„Домовинске захвалности” во градот Книн, Република Хрватска.

Во рамки на посетата, двајцата директори, Џемал Мехмед и Иван Узун потпишаа Договор за збратимување и меѓусебна соработка.

Исто така, наставниците имаа можност да разменат различни искуства за реализирање на наставата, со цел подобрување на нејзиниот квалитет, а беше разговарано и за идна соработка на проекти од ЕРАЗМУС-програмата.

Гостите од Охрид имаа можност да присуствуваат на свечената приредба по повод денот на училиштето „Домовинске захвалности”, а во текот на тридневната посета, гостопримливите домаќините им организираа и прошетки низ околината на Книн.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЗАВРШИ 25 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user

СВИКAНА ДВАЕСЕТ И ПЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user

ОХРИД ДОМАЌИН НА СЛОВЕНЕЧКИ КУЛТУРЕН НАСТАН

saso user