Број на текстови објавени денес: 101
Сцена

Оливија Кулпо – најсексапилна жена на светот

Според списанието „Максим“, најсексапилна жена на светот за 2019 година е манекенката Оливија Кулпо. Таа е на самиот врв на листата „Хот 100“ на бројот за јули-август.

„Секогаш на „Максим Хот 100“ сум гледала со восхит“, објави на Инстаграм моделот што се обидува и во во областа на глумата.

– Има толку интелигентни и успешни жени кои ме инспирираа во мојата кариера, на безброј начини, што само ја чини оваа насловна страница уште позначајна. Сè уште не ми се верува, напиша Оливија под друга фотографија од себе којашто ја сподели со своите 4,1 милион следачи.

Но, нејзините родители не секогаш ја поддржувале нејзината определба да се занимава со манекенство. Кога ја освоила првата титула „Мис Роуд Ајленд“, татко ѝ не дошол да ѝ честита…

– Со изговор дека слуша бејзбол натпревар – призна тогаш манекенката.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Се огласи таткото на Меган Маркл по раѓањето на внукот, и пак ги изненади сите

saso user

Финалето на „Игра на престоли“ го гледале рекордни 19,3 милиони луѓе

saso user

Адел се разведува

saso user