Македонија Топ вести

Од јули вакцини против рота вирус и пневмокок

Во текот на овој месец, до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани дози од двете нови вакцини против пневмокок и рота вирус. Вакцинацијата со нив ќе почне од јули.

Вакцината против рота вирусот спречува развој на симптоми на заболувањето како што се дијареа, повраќање, стомачна болка и дехидратација. Ја намалува потребата од престој во болница и со вакцината се заштитени најголем процент од децата кои ја примиле (9 од 10 деца).

Пневмококните инфекции се чести во детската возраст, посебно кај тие кои посетуваат градинки. Претходно прележана пневмококна инфекција не значи заштита од идни пневмококни болести. Пневмококната вакцина е најдобар начин детето да се заштити од пневмококна инфекција.

На вчерашната 139. владина седница, прифатена е Информацијата за прогресот на активностите во реализацијата на Акцискиот план за воведување на вакцинација за заштита од пневмокок и рота вирус.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Премиерот Заев на работниот појадок на шефовите на влади на Самитот на земјите од Западен Балкан во Познањ: Реформите во ЕУ можат да бидат паралелен процес со процесот на проширување со земјите од регионот

saso user

Грчки пратеник кој беше исфрлен од коалицијата оти гласаше за Договорот на гости кај Заев

saso user

Заев до Борисов: Иако сме Северна, пак е 40 степени (ВИДЕО)

saso user