Свет

Обид за преврат врз Воениот совет во Судан, уапсени околу 70 офицери

Во Судан е извршен обид за преврат врз времениот Воен совет, објави телевизијата Ал Арабија, повикувајќи се на свои извори.

Според сведоштвата, уапсени се 68 офицери, кои учествувале во неуспешниот преврат и против нив се води истрага.

Телевизијата наведува дека повеќето членови на групата, која се обидела да го собори од власт Воениот совет, се офицери исламисти, кои се лојални на претходниот режим.

По неколку месечни протести и тешката економска состојба во Судан, армијата на 11 април го отстрани од 30-годишна должност претседателот Омар Башир, а управувањето со државата го презеде времениот Воен совет.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Евростат: Намалени емисиите на јаглерод диоксид во ЕУ минатата година

saso user

Русија користи авторитарна технологија за да го запре коронавирусот

saso user

САД тестира новa воена стратегија во Европа

saso user