Број на текстови објавени денес: 102
Македонија

Нов мост преку Вардар и тунели под Кале – еве што ќе гради Шилегов (ВИДЕО)

Мост во центарот на градот, тунели под скопското Кале и кружен тек за да се поврзат булеварот Свети Климент Охридски со булеварите Никола Карев и Македонско-Косовска бригада, ќе бидат предвидени со договорот за изработка основен проект и инфраструктурен проект за измена и дополнување на инфраструктура за сообраќајно решение кој го потпишаа денеска градоначалникот Петре Шилегов, претседателот на одборот на директори на компанијата „Мега инженеринг консалтинг АД“ (MEGA ENGINEERING CONSULTING INC), Ајкут Јилдирим и претставникот на Групата на понудувачи – Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии Скопје АД, Борис Танески.

Со инфраструктурниот проект се опфатени трите фази за изведба на сообраќајницата во фази, и тоа: Прва фаза – изградба на булевар Свети Климент Охридски од пред раскрсницата со булеварот Илинден со изградба на мост и вијадукт до тунелот;

Втора фаза – изградба на тунелот под Кале и трета фаза – булевар Свети Климент Охридски и раскрсница со булевар Никола Карев и булевар македонско – Косовска бригада, со денивелиран кружен тек.

– Согласно со договорот, изработката на основниот и на инфраструктурниот проект очекуваме да заврши до крајот на оваа година, со што се создаваат услови во текот на следната година, по завршувањето на постапка за избор на понудувач, да се почне и реализацијата на овој клучен сообраќаен проект. Со ова сообраќајно решение на граѓаните на Скопје ќе им биде овозможено од Водњанска до Чаир со автомобил да стигнат за помалку од 5 минути. Со постојната сообраќајна инфраструктура за оваа релација мораа да потрошат во најдобар случај помеѓу 15 и 20 минути движејќи се преку раскрсницата кај Мавровка и Бит-пазар, каде што според нашите податоци дневно поминуваат меѓу 70.000 и 80.000 возила – кажа Шилегов.

Шилегов додаде дека очекува за реализацијата на овој проект Градот Скопје да добие и финансиска поддршка од централната власт со цел изградбата на мостот, тунелите и кружниот тек да завршат во најкраток можен рок.

– Со ваквите сообраќајни решенија ја зголемуваме мобилноста и го намалуваме сообраќајниот метеж, а со тоа и го скратуваме времето на движење на возилата и го намалуваме времето на стоење во место, што директно влијае на намалувањето на аерозагадувањето и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот. Скопје заслужува вакви модерни сообраќајни решенија, а оваа градска администрација може и мора да им го обезбеди тоа на граѓаните – додаде Шилегов.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Авионот со ракометарите ќе доцни, во Скопје ќе слета во 20.30 часот

saso user

Извадок на дневни настани на МВР на РСМ за ден 22.05.2019 година

saso user

СДСМ: Растат платите и пензиите, обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните

saso user