Здравје

Нова помош за социјалните вештини на децата со аутизам

Студијата која опфатила 71 дете во распон од шест до дванаесет години открила дека оние кои користеле Google Glass покрај терапијата, учествувањето во применетата анализа на однесувањето (applied behavior analysis – ABA) имале поголема добивка од децата кои примале само терапија.

Очилата Google Glass имаат камера, мала стреа и звучници и работат безжично со помош на паметен телефон. За студијата, децата со аутизам користеле апликација која можела да открие осум емоции – среќа, тага, лутина, страв, изненаденост, згрозување, презир и неутрално – во оние околу нив.

„Систенот делува како вистинско проширување на нивната стварност, држејќи ги во нивниот природен друштвен свет, а не изнесувајќи ги од него“, рекол Денис Вал од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд која ја предвдел студијата објавена неодамна во списанието JAMA Pediatrics.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Forbes

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пепелниците полни со отпушоци се опасни за здравјето

saso user

Мислевте дека оние безвкусни оризови плочки се добри за диета?

saso user

Замастениот црн дроб е сѐ почеста болест на западњаците

ohrid_user