Број на текстови објавени денес: 101
Македонија Топ вести

На Груевски ќе му се суди во отсуство за „Талир“

На Никола Груевски ќе му се суди во отсуство за случајот „Талир“,  кој се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, јави ТВ Алсат.

Судот донесе такво решение откако тоа го побара СЈО поради фактот што Груевски избега, не е достапен за истражните органи и доби азилантски статус во Унгарија.

На денешното рочиште одбраната инсистираше на одлагање, поради тоа што Собранието сѐ уште не се изјаснило по барањето на Судот и на Обвинителството – кој може во судница да го застапува „Талир“ и дали надлежност има СЈО или редовното Обвинителство.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Директорот на кумановското водостопанство поднесе кривични на свои вработени

saso user

Нарушен ЈРМ на улицата „Велко Влаховиќ“ во Струга

saso user

Кога ќе дојде папата не смееме да носиме ниту грицкалка за нокти

saso user