Спорт

Мбапе: Не е време да зборуваме за „кралскиот“ клуб

Француската ѕвезда Килијан Мбапе одби да ја коментира својата иднина по победата од 4:0 над Андора во четвртото коло од квалификациите за ЕП 2020. Напаѓачот објави дека новинарите редовно го прашувале за Реал Мадрид, но тој беше категоричен дека сега не е време да се зборува за „кралскиот“ клуб.

Името на Мбапе е поврзувано со „белиот балет“ од 2017 година па наваму. Но, тогаш младиот талент претпочиташе трансфер од Монако во Пари Сен Жермен.

– Сега не е време да се зборува за Реал Мадрид. Секогаш ме прашувате за истото, но сега не е време – инсистираше Мбапе.

Светскиот шампион со „петлите“ го одбележа првиот гол за успехот на Франција против Андора.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ница ќе го раскине договорот со играч кој украл часовник од колега

saso user

Бикерстаф повеќе не е тренер на Мемфис

saso user

Гризман и официјално е играч на Барса

saso user