Број на текстови објавени денес: 101
Бизнис

Малите компании не ја користат арбитражата, помило им е да чекаат со години на судовите

И покрај тоа што во последните години се зголемува свеста за договор на странките за користење на арбитражата, особено кога станува збор за договори на домашни и странски големи компании, како и при договори на јавно – приватно партнерство, евидентирано е дека малите и средни компании недоволно ја користат арбиражата, изјави на денешната прес-конференција потпретседателот на Сојуз на стопански комори Александар Милошевски.

Сојузот на стопански комори смета дека неопходно е актуализирање на арбитражното решавање на спорови, дополнително и во соработката на компаниите со државните институции, општините, како и при работа на тендерски постапки.

– За таа цел неопходна е афирмација за користење на арбитражата на сите нивоа и меѓу компани и институции за спорови за кои нема предвидено исклучителна судска надлежност. Предноста е тоа што и двете странки можат да изберат експерти кои ќе работат на спорот и со тоа ќе ги избегнат долгите спорови пред националните судови. Во светот 80 проценти од стопански спорови се решаваат по пат на арбитража, во САД и до 90 проценти од споровите завршуваат на арбиража – појасни Милошевки.

Според него, ефикасноста во решавањето на предметите на странките по пат на арбитража им овозможува заштеда на трошоци, заштеда на време и поголема сигурност во постапката.

– Брзината е една од најголемите предности на арбитражата, споровите се решаваат вообичаено во рок од 3 до 9 месеци, при што се избегнуваат сите непотребни формалности и долгите судски спорови. Предност, исто така е што арбитражната е конечна, без можност за жалба, се гарантира повеќе автономија на страните и секако, повеќе автономија во предметите од меѓународен карактер што се изразува преку изборот на апликативното право и процедуралните правила. Квалитетна арбитражната постапка е од голема важност за сигурноста на сите инвеститори во нашата земја -рече Милошевски.

Во рамки на Сојузот, како институција чија примарна улога е да ги застапува и да ги заштити интересите на компаниите членови, постои Постојан избран суд – Арбитража на истакнати арбитри, професори, експерти, академици од областа кои учествуваат во решавањето на споровите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Специјална комисија ќе ги чешла сомнителните вработување

saso user

Фискална стратегија 2020-2022: Економскиот раст ќе забрза

saso user

ТОП четири најдобри и најбрзи воазачи во историјата на автомобилизмот

saso user