Број на текстови објавени денес: 101
Свет

Макрон: Ќе ја поддржам Меркел ако сака да биде на чело на ЕК

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека би ја поддржал германската канцеларка Ангела Меркел доколку би сакала да стане претседател на Европската комисија.

– Ако сака да биде претседател на ЕК, ќе ја поддржам. Пред сѐ, бидејќи мислам дека нам ни е потребен некој силен. На Европа ѝ требаат нови лица, така што имаме потреба од личност што тоа знае да го реализира – изјави Макрон.

Тој додаде дека на челните функции на ЕУ треба рамноправно да бидат застапени и мажите и жените.

Фото: EPA/YOAN VALAT

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Напнато на протестот во Белград: Во РТС влегоа демонстранти ВИДЕО

saso user

Последна шанса да се спречи војна меѓу Израел и Хамас

saso user

Првата прошетка во Вселената само за жени на 29 март

saso user