Број на текстови објавени денес: 34
Спорт

Македонија со победа против Турција го потврди пласманот на ЕП 2020

Репрезентацијата на Македонија денес оствари победа на гостински терен против Турција со 25-26 (13-11. ) во петтото коло од квалификациската група и со тоа го потврдија пласманот на ЕП 2020.

Домашната репрезентација долг период беше во водство, но на десет минути пред крајот, тимот на Данило Брестовац прво успеа да изедначи на 21-21, а потоа и да поведе во резултатот. До крајот го оддржувавме водството од 1-2 гола разлика, а последниот напад за реми сепак го имаа Турците, кои не успеаја да го искористат откако одличниот Митревски го одбрани последниот шут.

За домаќините Пеливан постигна 10 гола, додека на голот одличен беше Озмусул со 16 одбрани. За нас капитенот Лазаров реализираше 7 погодоци, додека Талески го следеше со 5.

„Црвено-жолтите“ по втор пат ја совлада турската селекција и сега останува да го потврдиме првото место во групата против Грција, со кои играме во недела во салата „Парк“ во Струмица.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Без публика дербито меѓу „Работнички“ и „МЗТ Скопје Аеродром“ поради протест

saso user

Ајакс го подобри клупскиот рекорд за најмногу голови во една сезона

saso user

Дел Потро имаше успешна операција на коленото

saso user