Број на текстови објавени денес: 104
Македонија

Како да се спасите од крадците погледнете на Саемот за безбедност во Сити мол

Безбедноста на граѓаните на Скопје останува на листата на врвни приоритети на Град Скопје и во таа насока Градот е отворен за соработка и поддршка од секаков тип и на сите институции во чија надлежност е обезбедувањето и зголемувањето на безбедноста на граѓаните, вели градоначалникот Петре Шилеов.

Саемот за безбедност и превенција, кој годинава првпат се одржува во ТЦ „Сити Мол“ под мотото „Живеј безбедно“ ќе им овозможи едукација на граѓаните за превенција, односно за спречување кражби во куќите и во становите за време на летниот период.

– Се радувам што саемот одново ја отвора темата за зголемување на безбедноста на живеењето на граѓаните која е од исклучителна важност за жителите на Скопје и за создавањето на услови за нормално функционирање на нашиот град. Во таа насока сакам да упатам искрена благодарност до СВР Скопје кои на висина на задачата со организацијата на овој саем делуваат превентивно преку едукација на зголемувањето на свеста на граѓаните за сите неопходни мерки кои им стојат на располагање да ја зголемат својата лична безбедност, како и безбедноста на објектите во кои живеат и работат – рече градоначалникот Шилегов, на отворањето на саемот.

Саемот за безбедност на нашите сограѓани во текот на следниве 3 дена ќе им овозможи на едно место детално да се информираат за програмата на СВР Скопје и услугите кои институциите и компаниите ги нудат за помош и самозаштита покрај редовното полициско работење, како и за превентивните активности кои полицијата ги презема во соработка со заедницата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Министерство за правда: За ВМРО-ДПМНЕ амнестијата на криминалот поважна од европската иднина

saso user

Шекеринска од Белата куќа: Сметаме на брз и ефикасен процес на ратификација на Протоколот за членство во НАТО

saso user

Заев: „Алтернатива” и ДПА согласни да се најде заеднички кандидат за претседател

saso user