Број на текстови објавени денес: 101
Спорт

Женскиот пехар на „Ролан Гарос“ има грешка во гравирањето уште од 1976 година

Трофејот „Сузан Ленглен“ кој се доделува на победничката на Грен слемот „Ролан Гарос“ има грешка во гравирањето од 1976 година.

Во саботата во женското финале во Париз, Ешли Барти ја победи Маркета Вондрушова од Чешка и го освои „Ролан Гарос“ за првпат во својата кариера. Таа, исто така, стана првата австралиската тенисерка која го освои пехарот по Маргарет Корт која триумфира далечната 1973.

„Тајмс“ објави дека Барти открила грешка на трофејот.

– Има грешка во гравирањето и таа ќе се поправи – потврдија организаторите на турнирот.

Се покажало дека британската победничка од 1976 година Сју Баркер е наведена како австралиска при гравирањето.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Саутгејт се инспирира од Сер Алекс Фергусон

saso user

Прво гол, па црвен картон за Несторовски

saso user

Роналдо: Сè може да се случи против Атлетико

saso user