Број на текстови објавени денес: 34
Урбани вести

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА СЛОВЕНИЈА

Делегација на Општина Охрид предводена од Градоначалникот Константин Георгиески престојува во работна посета на Центарот за меѓународна соработка и развој (CMSR) во Љубљана, Словенија.

Во рамки на посетата, денеска беше остварен работен состанок со директорот на Центарот, Клемен Потишек и неговиот заменик Ема Роде. На средбата беше разговарано за можна идна соработка на заеднички проекти помеѓу општина Охрид и оваа организација, со посредство на Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Северна Македонија. На средбата беше договорено, претставници на Центарот за меѓународна соработка и развој во текот на наредниот месец да дојдат во посета на Општина Охрид.

Центарот за меѓународна соработка и развој е независна, истражувачка и советодавна организација во областа на меѓународните економски односи, поддржана од Словенечката банка за развој.

Центарот има 50 години искуство во спроведување на меѓународната развојна соработка и важи за добро воспоставен бренд помеѓу земјите од регионот на Југоисточна Европа. Располага со капацитети и големо искуство за реализација на технички и оперативни мерки при изработка и спроведување на најразличи инфраструктурни проекти.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На 15 и 16 јуни по шести пат ќе се одржи outdoor настанот „Тур де Галичица“

saso user

ТРИ МАНИФЕСТАЦИИ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЛОКАЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО ОХРИД

saso user

ОДРЖАНА ТРИЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user