Број на текстови објавени денес: 106
Македонија Топ вести

В недела ЦЕНТРАЛНИОТ ОДОБОР на СДСМ во Хотел Инекс во Охрид ќе ги носи главните одлуки.

В недела ЦЕНТРАЛНИОТ ОДОБОР на СДСМ во Хотел Инекс во Охрид ќе носи одлуки,дали ќе оди  СДМС на избори, ќе има ли нов мандатар ,или пак реконструкција ,секако многу нешта ќе зависат  доколку од Берлин стигне истата порака како и од Брисел ,. Во СДСМ официјално велат велат дека сите опции се на маса.

Повлекување на Заев и нов мандатар, реконструкција или пка брзи избори. Премиерот вели дека се е во игра. Но сепак, дел од најблиските соарботници на Зоран Заев поделени во ставовите околу иднината на владата?!

Дел од функционерите велат дека поголема е веројатноста за избори да се оди на пролет или на есен. Велат дека тогаш земјава ќе биде полноправна членка на НАТО, а дел од реформите и повидливи.Повлекувањето на премиерот пред паралментарни избори е законска обврска, но овојпат би можело да се случи порано, доколку Заев така сам одлучи.

И за опцијата брзи избори има поддршка во СДСМ ,дел од тие што се залагаат за оваа опција велат дека партијата е во кондиција, опозицијата не консолидаризирана, а Заев би добил чист мандат неоптеретен од компромисите што ги направи за уставните зимени и промената на името. Особено поради фактот што и во Грција има избори , а ЕК ќе се занимава сама со себе, каде наесен следи изборот на новите функционери,како и изгласувањето на одлука за Буџет на ЕУ.

Најоптимстите од СДСМ очекуваат конкретна и јавна формулација од Берлин , која би била доволна за Заев да добие ветер во грб ,и да продллжи со реконструцијата, која велат е веќе во тек.

И, ако за државата се чека Меркел, во СДСМ, почнаа да се екипираат органите ,на партијата, избрани  се нови претседатели на општинските организации од кои15 вратени од разрешените. До недела Заев ќе ги избре и новите потпретседатели. Неофцијално враќање на позиции т.е. се споменуваат само за Мухамед Зекири и Оливер Спасовски.

С.Д.Охридскај

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СДСМ го бојкотира Џафери

saso user

Тевдовски: Минималната плата може да се зголеми, треба да се разговара со работодавачите

saso user

Германија му наложи на Фејсбук да намали со собирање лични податоци

ohrid_user