Број на текстови објавени денес: 13
Македонија Топ вести

Владата се надева дека и за Гоце Делчев ќе се најде пријателско решение

По најавите на бугарската министерка Екатерина Захариева дека Бугарија може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин, денеска портпаролот на Владата на Северна Македонија, Мухамед Хоџа изрази надеж дека комисијата ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството.

– Се надеваме дека комисијата формирана меѓу двете влади врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство ќе изнајде решение во правец на пријателството и добрососедството меѓу нашите две држави – рече Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања по редовната прес-конференција во Владата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Полковник Ирена Минева меѓу најуспешните жени менаџерки

saso user

Променливо облачно, со студени утра

saso user

Претседателот Заев од Куманово: Преговараме за ново зголемување на минималната плата на 13 илјади денари

saso user