Број на текстови објавени денес: 13
Урбани вести

Вежбовна активност за боево гаѓање кај стрелиштето „Бејбунар“

Денеска, активниот состав на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање. Според планот, гаѓањето ќе биде на стрелиштето „Бејбунар“, каде утре од 8 часот, иста активност ќе имаат полициските службеници од полициската станица од Општа надлежност Охрид.Денешната вежбовна активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Биљјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“. Се молат граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

НП Галичица: Забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор

saso user

Приведена жителка од Австралија која непристојно се однесувала во угостителски објект во Охрид

saso user

РАСЧИСТЕН КОМПЛЕКСОТ „СВЕТИ НАУМ”

saso user