Број на текстови објавени денес: 41
Бизнис

Богоев: Покажавме дека Карпош е дел од модерниот свет

Спортскиот центар „Партизан“ треба да биде пример дека нема да дозволиме пропаѓање на јавните добра, на објектите кои се од јавен интерес, порача градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, на панел дискусијата во рамки на првата не – конференција: „Green City Unconference: A city that re (invents) itself“, во организација на фондацијата Фридрих Еберт и Град Скопје.

Станува збор за првата не – конференција која обедини на едно место повеќе претставници од институции, студенти, невладини организации и приватен сектор.

Богоев пренесе и дел од искуствата кои ги стекна за време на студиската посета на Германија. Тој е убеден дека голем дел од политиките може да се применат и во Карпош.

– Во текот на вчерашниот ден покажавме дека и Карпош може да биде дел од модерниот свет и правилно да управуваме со отпадот. Започнавме со преработка на сувите и скршени гранки, кои ќе бидат преработувани за живеалишта на мајмуните во Зоолошката градина. Претходно, во текот на зимата, од запленетите гуми за греење, направивме убави жардиниери и столчиња во училиштата и градинките – рече Богоев.

Градоначалникот напомена дека Општината трајно ќе го облагороди потегот од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец, долж Кејот на Вардар. Со изведбата на Спортско-Адреналинскиот парк ќе се придонесе кон зголемување на зеленилото, но и спречување на нови диви депонии и палење на огнови на отворено.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бучковски: Срамота е да се патува од Скопје до Софија 3,5 часа, а ги делат 200 километри ВИДЕО

saso user

РЕК „Битола“ со рекордно производство, најавено решавање на еколошките проблеми

saso user

ОКТА ја зголеми продажба преку извоз на странскиот пазар

saso user