Број на текстови објавени денес: 106
Сцена

Ален Исламовиќ главна ѕвезда на Фестивалот на дувачки оркестри „Пехчево 2019“

Екс – ју ѕвездата, поп-рок пејачот Ален Исламовиќ и неговиот бенд „Кад би био Бјело дугме“, ќе бидат главни ѕвезди на деветтото издание на Фестивалот на дувачки оркестри „Пехчево 2019“.

Како што најавуваат од општината, која со поддршка на локални фирми и спонзори се организатори на настанот, деветтото издание на Фестивалот на трубите ќе се одржи на 12 и 13 јули, кога Пехчево ги слави своите патрони, светите апостоли Петар и Павле.

– Традицијата на трубите во Малешевијата, понудена како атракција на натсвирување на македонските виртоузи на труба, претставува туристичка понуда за гостите во Малешевијата, но и економски бенефит за локалната економија. Најреномираната културна манифестација во Малешевијата и поширокиот регион и овојпат, согласно реномето, ќе понуди врвни музички доживувања. Миленикот на младите, но и на постарите Ален Исламовиќ на 13 јули ќе одржи голем концерт на плоштадот „Св.Петар и Павле“ во Пехчево, информираат од општината.

Освен Исламовиќ, на сцената на плоштадот во Пехчево, организаторите очекуваат и настап на најголемите виртуози на трубата и познати пејачи од земјава и странство, чии имиња се уште се комплетираат.

На плоштадот во Пехчево за време на одржувањето на концертот е планирано и поставување штандови со скара и пиво, додека во текот на фестивалските денови ќе се одржи и етно-саемот на малешевски производи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Фолтин“ го промовираше осмиот албум „Момома“

saso user

Во Белград најверојатно ќе се снима 25. филм за Џејмс Бонд

saso user

Половина од богатството му „дава“ на поранешниот сопруг, и тоа само поради една работа

saso user