Број на текстови објавени денес: 101
Свет

Алабама воведе хемиска кастрација за осудени силувачи

Гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, потпиша закон со кој се воведува задолжителна хемиска кастрација за оние кои силувале девојки или момчиња на возраст под 13 години.

Законот предвидува дека тие мора да почнат со медицински третмани еден месец пред да бидат пуштени од затвор, а соодветните лекови ќе треба да земаат додека судот не одлучи дека тие може да престанат.

– Тоа е важен чекор во заштитата на децата во Алабама – изјави гувернерката по потпишувањето на законот.

Осудените силувачи ќе мора да платат сами за медицинскиот третман, што вклучува пиење таблети или примање инекции со хемиски супстанци што блокираат тестостерон во телото.

Алабама е седмата американска држава што воведе законот за хемиска кастрација на силувачи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Путин: Случајот „Хуавеј“ би можел да биде почеток за нова технолошка војна

saso user

Норвешката министерка за здравство: Луѓето нека јадат, пијат, пушат колку што сакаат

saso user

Еквадор барал ветување од САД дека Асанж нема да биде егзекутиран

saso user