Балкан

Австрија забрани земјоделски препарат, има сомнеж дека предизвикува рак

Опозициската Социјалдемократска партија на Австрија (СПО) до австрискиот Парламент достави предлог за забрана за употреба на хербицидот со широк спектар на примена, глифосат, поради сомнеж дека тој предизвикува канцер.

Поддршка на предлогот на СПО даде и Партијата на слободата на Австрија (ФПО), со што се очекува Парламентот да го одобри, бидејќи двете партии заедно можат да обезбедат мнозинство за негово усвојување.

Се очекува пратениците да се изјаснат по предлогот на пленарната седница закажана за 2 јули.

Според анализите на Светската здравствена организација (СЗО), глифосатот важи за хербицид кој „најверојатно предизвикува канцер кај луѓето“, но неговата употреба во ЕУ е дозволена до 2022 година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Црна Гора усвоен законот за слобода на вероисповедта

saso user

Не пакувајте ги куферите за ЕУ во следните две недели, Македонија не ги исполнува критериумите

saso user

Турција и Куба заедно ќе произведуваат вакцина и лекови против рак

saso user