Број на текстови објавени денес: 102
Спорт

Модриќ: Се уште имам сили за Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ е амбициозен да им помогне на „лос бланкос“ и во следната сезона.

– Се чувствувам добро, иако оваа сезона не беше добра, признавам. Се уште имам сили за Реал Мадрид. Ќе дојдат одлични играчи. Тоа е она што ни треба. Се надевам дека ќе одиграм силна сезона, се надевам дека и Реал Мадрид ќе има силна сезона. Очекувам да се претставам на високо ниво – изјави актуелниот освојувач на „Златната топка“.

Тој додаде дека не размислил што точно ќе прави по крајот на кариерата.

– Сакам да останам поврзан со фудбалот, но не знам како. Кога мислам на ова, јас не се гледам себеси како тренер, тоа не е она што го сакам. Само кога ќе помислам колку ги боли глава од фудбалерите … За сега, размислувам самона тоа да уживам во играта – додаде Модриќ

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Баерн Минхен веќе преговара со ѕвезда на Ајакс

saso user

Еднаш му успеа со Реал, сега и со Јувентус – Ново достигнување на Роналдо

ohrid_user

Реал Мадрид брка антирекорд

saso user