Број на текстови објавени денес: 25
Свет

Токаев победи на претседателските избори во Казахстан

Казахстанскиот в.д претседател, Касим Жомарт Токаев (66) победи на предвремените претседателски избори со своени 70,76 отсто од гласовите, соопшти денеска Централната изборна комисија на Казахстан.

Тој резултат од изборите не е изненадување, бидејќи Токаев беше избран за наследник на претседателот Нурсултан Назарбаев, кој неочекувано поднесе оставка во март.

Токаев рече дека ќе продолжи со политиката на Назарбаев, како и дека ќе бара совети од него за сите клучни прашања.

Назарбаев ја предводеше земјата речиси три децении откако доби независност по распаѓањето на СССР.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Демонстрации „против“ и „за“ Абас

saso user

По бомбардирањето Триполи остана без аеродром

saso user

Јутјуб ќе го сокрие целиот број на потписници на каналите

saso user