Број на текстови објавени денес: 81
Досие Македонија Топ вести

(Галерија) Скандал, Црвен Крст Охрид по цена од 100 евра ја издава узурпираната палнинарска куќа во НП „Галичица“?!

Во самото срце на Национален парк Галичица , во строго заштитен појас на националниот парк кој есо решение од 1958, на хорст кој се издига помеѓу Охридската и Преспанската Котлина, изградена беше мала планинарска куќа. Во 2010 година, со одлука на Советот на Општина Охрид, најнапред на Црвен Крст Охрид му беше доделен обновениот задружен дом во село Велестово, сместено на падините на Галичица. Но мегаломанија на „дружината“ од Црвен Крст и нивните апетити немаат граница!? Сокриени зад плаштот на некаква си хуманитарност, служба за спасување отишле чекор понатаму во нивната мегаломанија и желбата за личен профит!

ПОЕДИНЦИ ОД ЦРВЕН КРСТ ОХРИД ГО ПРИСВОИЛЕ ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ ВО НП „ГАЛИЧИЦА“ И ИСТИОТ ГО РЕНТААТ НА ГОСТИ?!

Во 2010 година Црвен Крст – Охрид од НП „Галичица “ го бара на користење и планинарскиот дом во срцето на НП „Галичица “ лоциран  на самиот хорст кој се издига помеѓу Охридската и Преспанската Котлина. Оправдувањето тогаш беше, наводно за помош на наводна спасителна планинска служба, за помош на повредени лица во Планина?!

Тогаш со медијаторство на Општина Охрид и НП „Галичица“ на Црвен Крст Охрид му се дава на повремено користење објектот сопственост на НП  „Галичица“, но за тоа не постои никаков писмен документ, туку све се одвивало во 6-8 очи!?

Со помош на Општина Охрид и НП „Галичица“ објектот се реновира, но пародијата да биде поголема, единствен стопанисувач на објектот и единствени кој поседуват клуч од објектот се одредена дружина од Црвен Крст Охрид?!

Она што зачудува е фактот, дека постојани гости во овој планински дом на НП „Галичица“ се само привилегираните дечки и нивните придружници и придружнички,  каде си тепаат дебели седенки, секако во име на некаква си спасителна служба??

Она што го дознава редакцијата OhridSky.com, е скандалозното издавање под закуп на планинарската куќа од страна на Црвен Крст. Така наместо хуманитарна дејност Црвен Крст Охрид се претворил во приватен станоиздавател, и, планинарската куќа во НП „Галичица“ се издавала по цена од 80 до 100 Евра на ден, а кој средства противправно ги присвојувале дечките од „хуманитарната дружина“ при Црвен Крст Охрид??

Токму на опваа дружина, утре на ден 10-06-2019 година, пред советниците на Совет на Општина Охрид, ќе биде поставена точка на дневен ред: „Предлог – одлука за одобрување на финансиска поддршка за реализација на проект „Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, на кој треба да им се одобрат на хуманитарните сиромашни дечки фантастични 3.000.000,оо денари??

За каков ававнтуристички туризам станува збор, ако се знае дека ваквата одлука е целосно спротивна од ЗКП на РСМ? Кој ќе сноси кривична одговорност за ваквата игра со народни пари, а во корист на поединци од Црвен Крст?

Редакцијата ОхридСкај, в’чера беше до фамозната планинарска куќа. Она што го затекнавме на лице место, секако не не остави рамнодушни! Дечките од Црвен Крст во добро друштво со возило на Црвениот Крст, во придружба на свои пријателчиња уживаа во убавините на НП Галичица, нели супер е забавниот живот кога си дебело финасиски дониран, но и кога ќе си присвоиш цел еден национален парк?!

Ова се фотографиите кој в’чера ги фотографира во НП „Галичица“. Редакцијата нема да ги сокрие регистарските таблички на присутните во планинарската куќа во НП „Галичица“, оставаме ОЈО да ги открие применуваќи го Институт ДОПРЕН ГЛАС.

Воедно бараме официјален став од НП „Галичица“, да даде одговор во чија сопственост е планинарската куќа и кој дозволил непречено издавање на истата и пристап на лица?

ФОТО: OHRIDSKY.COM

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Локални врнежи од дожд, на планините снег

saso user

Девојката на Пино е одведена во притвор

saso user

Свеченост по повод денот на Свети Кирил и Методиј

saso user