Број на текстови објавени денес: 101
Досие Македонија Топ вести

Раздели па владеј, Авалон ја покори Општина Охрид бесплаТно!

Нова скандалозна манифестација на повидок во Охрид, но овој пат „Охрид се тресиТ“, и, никого мрава не го лази?! И покрај изјавата на градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, дека Општина Охрид нема да одобрува и спозорира и организира концерти до 15 – ти Август, туку ќе одобрува после овој датум со цел продолжување на туристичката сезона, тоа биле празно си кажани зборови?

Како што дознава редакцијата „ohridsky.com“, синоќа советниците од СДСМ и Коалицијата имале заеднички состанок со сопствениците на „Авалон“, а кој состанок се одржал во 20 часот, онака шверцерски, во тајност. Како што дознаваме од 1-ви до 4-ти Август „Авалон“ повторно во Охрид ќе си организира концерти, но овој пат на нова локација-Охридската Касарна???!!

Токму за оваа цел ,уште пред локалните избори се вршеше масовно пробивање на пат во охридската касарна, но и целата севкупно се расчистуваше. Тогаш, од страна на локалната самоуправа, овој чин го оправдуваа дека касарната ќе добие нов лик, со забавни содржини за спорт и рекреација на младите, но позадината да ти била „АВАЛОН“.

Од страна на Општина Охрид, како што дознаваме на „Авалон“ му биле побарани 400.000,оо денари на име на закуп на просторот за сите 4 денови, но на „АВАЛОН“ кој сите овие години добивал гратис простор и бил субвенциониран од Општина Охрид му било прескапо да одвои 6.500 евра ?!

Жешкиот костен сега е префрлен на советниците во Совет на Општина Охрид, кој ќе треба во понеделник на ден 10-06-2019 година, на редовната седница да додадат уште една точка на дневен ред, веднаш после онаа скандалозната за „Авантуристички туризам“, па така покрај другарчето Доде од Црвен Крст, сега повторно ќе се омрси со народни пари и АВАЛОН со неговиот Охрид Колинг??!

На синоќешната средба помеѓу градоначалникот, советниците од мнозинството и сопственикот на Авалон, која се одржала во кабинетот на Градоначалникот Георгиевски, сопственикот на Авалон ги убедувал советниците (дел од нив), дека веќе биле закажани концертите и не можел да ги откаже?!! Нормално дека Авалон ќе прави концерти на 2-ри Август во Охрид, а не во Радовиш или Скопје, ако се знае дека во шпицот на туристичката сезона, токму Охрид е мека и медина за правење на пари, секако без фискална, од пијалоци, па се до наркотици.

Наздравје Охриѓани, ве превеслаа со кајче беспалтно??!

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пендаровски: Силјановска нуди концепт за разединување, само за нив да има живот

saso user

Константин Георгиески го оствари своето гласачко право

saso user

Почнува рамазанскиот пост

saso user