Број на текстови објавени денес: 106
Досие Македонија Топ вести Урбани вести

Охрид ТрчаТ, манипулираТ и крадиТ или Охрид ќе спасвиТ некогаш дарежлива општина, а за лицата со попреченост нема ниту 1 денар?!

Охрид ТрчаТ, манипулираТ и крадиТ! Вака накратко со три збора можат да се опишат  новокомпонирани  манифестации за касирање на пари: Охрид трчат, Охрид Треил, Охрид Триатлон и воспоставувањето на спасителна служба на Охридското езеро – проект на Црвен Крст, кој како никогаш до сега се силно поддржани од општина Охрид?1!

Доколку, „тимот “ на Илија  Пиперкоски, фамозниот непостоечки Шеф на Кабинет на Градоначалник на Охрид, за кого слушаме дека деновиве наводно го зафатила „метлата“, со сите сили се трудеше непродуктивно да троши народни пари за концерти и чудни манифестации надвор од законските одредби, нешто што постана главна одлика на новата локална самоуправа, која со  силна финансиска поддршка на неколку луѓе кои за себе мислат дека организираат настани од светски карактер и наводно биле  двигатели на (ав)туризмот во Охрид, доколку се  погледне статистиката за посетеност на туристи во  Охрид, во периодот на оддржување на овие манифестации, ќе се‘забележи, дека ништо не се променило во однос на просекот од годините кога ги немало овие „значајни“ манифестации, кој со тешки милиони ја испразнија народната каса на охриѓани.

Оттука зачудува фактот зошто Општина Охрид со сите сили, притоа прекршувајќи многу процедури, Законски и подзаконски акти, овозможува многу средства од својот буџет, поточно народни пари, да се трошат на незаконски начин, и преку повеќе настани да завршат во приватните џебови на неколкумина величенствени султани, зад плаштот „промоција на Охрид“??!

Како се одвива процедурата во општина Охрид за доделување на средства на овие лица, асоцијации и што ти уште не ?

Најнапред ниедна од овие активности не се предвидува во рамки на програмата за спорт на општина Охрид, како граѓаните на Охрид и членовите на Советот на Општина Охрид  би имале увид колку пари се даваат на овие манифестации. Се заобиколува процедурата и се оди со одлука на комисија на Совет?!, како овие податоци не би биле јавни и достапни за секој???!!…. Парите се исплаќаат ПРЕКУ неколку буџетски ставки од Буџетот на Општина Охрид ,а со цел да се скрие трагата, дека се дадени многу пари на исти луѓе за неколку настани.

Одтука, доколку  се направи математика на дадени средства,  ќе се дојде до следниот заклучок:

За манифетсацијата „Охрид Трчат“ Општина Охрид од својот буџет издвоила околу 1.000.000 денари. За Охрид Треил, повторно во организација на истата групација од „Охрид Трчат“ околу 400.000,оо денари.

За Охрид Триатлон, повторно во организација на екипата од „ОхридТрчат“, околу 400.000,оо денари.

Најновата пародија, која ќе инкасира добри пари до даночните обврзници на Охрид е фамозната  „Спасителна служба“, а за која  се предлага на Советот на општина Охрид на првата наредна седница (Во Понеделник), да донесе одлука за доделување на нешто повеќе од 1.500.000 денари.Овие средства, надвор од здрава логика се доделуваат, како би можела „Спасителната Служба“, која патем е при Црвен Крст -Охрид, да го даде своето сопствено учество од наводен европски грант, која ова здружение требало да го добие?!

Искрено, до сега, ова ќе преставува единствен егземплар во РСМ или во историјата на поранешна Р.Македонија, државна институција да исплаќа учество на проект на здружение или НВО, како и по кој Закон, ќе треба да објасни цела Влада на РСМ.

Ова повеќе од причина, што и СОС БАЛКАН МЕДИА, ДО СЕГА ИМА ОСТАВРЕНО НИЗА НА ПРОЕКТИ, а кој проекти ги покриваше со сопствено учество, од донатори и помагатели. Дали некој на СОС БЛКАНМЕДИА, му одобри државни пари за учество на грантови, како што се :

1.Топол Дом, донација на 15 грејни тела на пелет и 15 тини Пелет?

2.Изработка и поставување на пристапни рампи за лица со посебни потреби 84 на број со вкупна вредност од 100.000 евра, кој ги дониравме на институциите, меѓу кои и на Општина Охрид, како би можеле оваа категорија на лица да имаат непречен пристап до институциите?!

3.Ново Санитестко возлило „Мерцедес“ донирано на ЈЗУ Општа Болница “-Охрид во вредност од 60.000 Евра. Да ве потсетам, дека и за оваа донација, дури бевме да платиме данок и ако имавме севкупна документација за ослободување од давачки. Но директорот на царина, Ѓоко Танаскоски ни измисли нов Закон, па така да ја оствариме оваа донација, пронајдовме и донатор кој ги плати давачките. Е, токму тоа санитетско возило секојдневно спасува животи, не трчаТ…

4.Да ги споменеме, школата за лица со посебни потреби, хуманитарни донации од храна, дрва, брашно, компјутери ??

5.Да споменеме дека само во помагала инвалидски колички, електрични скутери и колички за лица со посебни потреби имаме донирано над 150.000 евра? Тоа се дечки ТРАЈНИ ВРЕДНОСТИ.

До сега комулативно општина Охрид ќе трансферира сума од околу 3.300.000 денари или околу 53.700 евра кон неколку луѓе и нивните настани, што доволно зборува за сомнежот кој го имаме. Од минатите години, а и оваа не видовме никаков извештај до Секторот за финансии на општина Охрид, а од него до Советот на општина Охрид за начинот на трошење на одобрените јавни средства, обврска за која се понесува и кривична одговорност.

Отворена е и дилемата на спонзорите на оваа манифестација каде завршуваат нивните пари, кои ако се додадат на парите на општина Охрид, се доаѓа до фантастична бројка од околу 200.000 евра…..!!? КАДЕ ЛИ ЗАМИНУВААТ И ВО ЧИИ ЏЕБОВИ ЗАВРШУВААТ??!

Сите кои редовно учествуваат на манифестацијата Охрид трчат, оваа година можеа да се уверат во „оскудноста на натпреварувачкиот ранец“. Ефтина маица, една кесичка магнезиум, стартен број и многу флаери со реклами. Малку вода за време на трката и само на две места овошје во скромни количини, НЕКОЛКУ КИЛОГРАМИ. Се друго на делење во приватен џеб. На Охрид Треил, пунковите за освежување беа на 10 км оддалеченост се со цел да се заштеди на се?! Замислете да не се напиете вода 10 км – чудно?!

Воспоставувањето на спасителна служба е исто така чуден проект, кој откако Црвен Крст не успеа да го реализира и да обезбеди сопствено учесво во рамки на проектот, сега ја втрунува општина Охрид во оваа матна игра-местенка, сакајќи да ја покрие сопствената неспособност! Како баш на оваа организација ќе и бидат доделени средства, без јавен повик ќе видиме по седницата на Советот на општина Охрид и тогаш детално ќе ги опишеме сите противзаконски дејствија кои ќе ја пратат оваа одлука.

Како еден професор по физичко, еден вработен во ЈП Билјанини извори и еден планинар ги превеслале сите жедни преку вода?

Во минатото ваквите значајни активности во областа на масовниот спорт се спроведуваа преку Сојузот за училишен спорт во кој учествуваа сите професори по физичко од Охрид. Со скромни средства благодарение на нивното знаење и ентузијазам се спроведуваа активности кои овозможуваа популаризација на спортот во целина. Сега професорот по физичко и планинарот имаат по еден клуб и се претседатели, а вработениот во ЈП Билјанини Извори е и претседател на нивната асоцијација?! Така немаат повеќе обврски за извештај кон нивните колеги и ги организираат настаните приваватно. Силен е револтот кај професорите по физичко и волонтерите и се закануваат дека до година нема да бидат дел од овие приватни манифестации.

А, нам ни останува да чекаме локална самоуправа која ќе биде подготвена сите овие средства кои досега непродуктивно се трошеа, да ги намени за подобрување на условите за живот на старите лица и лицата со попреченост како нашиот град би станал подостојно место за нивно живеење.

Во 2018 година на почетокот на месец декември бевме повикани од страна на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски, да дадеме свој предлози, кој би се вметнале во програмата за 2019 година.

Тогаш побаравме 100.000 евра општина Охрид да одобри програма со која би изградиле пристапна инфраструктура за лицата со попреченост. И, тогаш побаравме да општината ги вклучи Јавните претпријатија во набавка и поставување на пристапната инфраструктура, со цел да се постигне поголем домакински ефект. Од страна на Стојаноски и службите беше одобрено и влезе во буџетот за фискалната 2019 година.

До денес, Општина Охрид, за инфраструктира потребна за лицата со попреченост има вложено фантастични (0) НУЛА денари, сите заминаа во трчање, планинарење и други калакурници?~~!!

Но, и лицата со попреченост почитувана господа од „Белата ни охридска палата“ сакаат да трчаат, тој е нивниот животен сон, со кој се будат секој ден, но ете природата се поиграла, судбината се поиграла со нив. И, оние со оштетен Вид сакаат и имаат желба да трчаат, но немаат звуковна инфраструктура, за да можат да го остварат својот сон, но не можат безбедно ноту на раскрсница да поминат господо општинари?!

Нека Ви биде доволен фактот, дека едно лице со попреченост, Херојот ЈАНКУЛА од Ресен, на Велосипед ја помина цела Македонија, 900 километри, благодарение на неговиот наставник по Физичко, кој не ги гледа парите како средство за богатење, туку напротив, докажа како треба да еден педагог посветено работи, а не како овие вашиве што ТрааТ по пари?!

И, за карј на оваа послеание до дечките од Општина. Со оние средства кој ги одобривте, а и сакате додатно да одобрите за АВАНТУРИЗАМ, дечки со 200.000 евра се купуваат 4 нови санитестки возила, може да купете два половни Хилихоптери за спасување и транспорт на лица, можевте низ половина Охрид да поставите помошна инфраструктура за лицата со попреченост, да таа е реалноста, друга нема . Ние и понатака ќе бидеме потребно гласачко тело, на кого Ви паѓа на памет само во време на избори, или, како Вашата популарна пратеничка, скандал мајстор Жаклина Лазаревска се обрати со зборовите “Вие побаравте да ви донесам еден Министер, јас Ви донесов двајца“?!! Искрено, повеќе и цела влада да ја донесете, заедно сосем владите од сите членки на ЕУ , НЕ ПОМАГА.

СОС БАЛКАНМЕДИА крајно е згрозено од тоталната негрижа на Општина Охрид, кон лицата со попреченост. Вратите за лицата со попреченост се затворени и во Општина Охрид, своите права никако не можат да ги остварат. Може само да ја поминат и онаа рампа која Ви ја донираше СОС БАЛКАНМЕДИА, и, до тука понатака за нив пристап е невозможен! Немој да лажете за лифтови итн, не функционира ништо, а има и причина, а таа е дека новиот дел на зградата на Општина Охрид, НЕМА АУПОТРЕБНА ДОЗВОЛА, но за тоа во друга прилика, доста правете будали од лицата со попреченост, а за сметка на профитерството на поединци. Ете, незнаеме колку ќе се спонзорира и глупавите вести на скриениот општински пиар, Охрид 1, од кога го обзнани проектот „Охрид се сексаТ во Лабино?!….

СОС БАЛКАНМЕДИА

Сашо Денесовски-Претседател

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Како да ја исчистите бојата од рацете? Еве неколку ефикасни методи

saso user

Села: Џафери ако има трошка морал веднаш да распише парламентарни избори

saso user

Невреме во Крива Паланка, граѓаните загрижени (ВИДЕО)

saso user