Мода

„Гучи“ ја воведува вештачката интелигенција во модата

„Гучи“ ќе биде првиот бренд на „Керинг групата“, којшто ќе користи вештачка интелигенција во одлучувањето каде да испрати нови производи, почнувајќи од продажбата на торби во Европа следниот месец, изјави директорот на дигиталниот сектор на „Керинг“, Грегори Бјут.

Новата алатка, заедно со придружната мобилна апликација, може да ја подобри продажната прогноза за дури 20 отсто, сметаат познавачите.

Интернет-продажбата на „Керинг“ се зголемува просечно за 41 отсто секоја година од 2013. досега, а нивната најзначајна марка „Гучи“ е попрофитабилна во интернет-продажбата отколку во делот со продавниците.

ФОТО: МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ако носите тесни фармерки, ризикувате да ги добиете овие гинеколошки проблеми

saso user

Линија на облека од остатоци од текстил претворени во модерни дизајни (ВИДЕО)

saso user

Нова кампања во Лондон ги покажува реалните женски тела по раѓањето

saso user