Сцена

Џорџ Мајкл нема да му остави ни трошка на поранешниот партнер ФОТО

Славниот пејач Џорџ Мајкл на својот поранешен партнер Фади Фаваз (46) не му оставил ни трошка од своето големо богатство вредно 100 милиони фунти.

Целиот имот на Џорџ ќе го поделат неговите сестри во еднаков сооднос па според тоа, сигурно ќе мора Фади да се отсели од заедничкиот дом во кој сè уште живее. Исто така, познато е дека семејството на Џорџ барало од фризерот да се исели, но Фаваз тоа го одбил.

Судот конечната одлука ја донел уште на 30 мај според која мнозинството наследници на имотот на пејачот се сестрите Јиода и Мелани вклучувајќи ги и двете куќи во Лондон.

На семејството исто така ќе му припадне и ергелата во која Џорџ Мајкл со задоволство поминувал доста време.

Свој удел во наследството ќе имаат и пејачката Ширли Кемп (57) и музичкиот продуцент Давид Остин (56), а за деталите уште мора да одлучат сестрите на Џорџ.

Славниот пејач зад себе остави богата колекција на уметнички дела, меѓу кои и клавирот на Џон Ленон, а според странските медиуми сè ќе ѝ припадне на добротворната фондација на Џорџ која ја основал во 2009 година.

Џорџ Мајкл беше пронајден мртов на Божик во 2016 година во својот дом во Оксфордшир.

Džordž Majkl

Fadi Favaz

FOTO: Printskrin/Tviter/Instagram

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ирина Шајк го „шутна“ Бредли Купер па се фотографираше топлес ФОТО

saso user

Настапот на Тамара на Евровизија со над милион прегледи

saso user

Пејачката Ивона ослабе 32 килограми: Дебелината е психички проблем, се уморив од емотивно прејадување

saso user