Број на текстови објавени денес: 41
Свет Топ вести

Светските лидери на одбележување на Денот Д во Британија (ГАЛЕРИЈА)

Светските лидери денеска во Портсмут, на југот на Велика Британија присуствуваат на одбележувањето на 75-годишнината од најголемата поморска инвазија во историјата, таканаречениот Ден Д.

Во придружба на британската кралица Елизабета Втора и премиерката Тереза Меј е американскиот претседател Доналд Трамп, со сопругата Меланија.

На овој начин, Трамп, на последниот ден од неговата посета на Велика Британија, ќе им оддаде почит на американските и сојузничките војници кои помогнаа да се спаси Европа од нацистичка Германија.

Тој рече дека се радува на одењето во Портсмут за да ја одбележи „можеби и најголемата битка во историјата“, наведува Би-БИ-Си.

На комеморацијата присуствуваат 15 светски лидери, меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, канцеларката Ангела Меркел, канадскиот премиер Џастин Трудо, австралискиот премиер Скот Морисон и уште десет официјални претставници од други земји.

На церемонијата присуствуваат официјални претставници од сите земји кои се бореа заедно со Обединетото Кралство. Сите земји се согласија да објават заедничко соопштение во кое ќе ветат дека „нема да се повторат незамисливите ужаси од Втората светска војна“.

Во таканаречениот „Проглас на Денот Д“, 16-те потписнички, вклучувајќи го и Обединетото Кралство и САД, се залагаат да работат заедно за „мирно решавање на меѓународните тензии“.

Во раните утрински часови на 6 јуни 1944 година, повеќе од 150.000 сојузнички војници го напуштиле Портсмут и неговите околни области и започнале воздушни, поморски и копнени напади врз Нормандија, што на крајот доведе до ослободување на Западна Европа од нацистичкиот режим.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Не ставајте паста на пенисот, тоа не значи подолг секс

saso user

Заев го замоли папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата ФОТО

saso user

Бар: Изборниот штаб на Трамп не соработувал со Русија

saso user