Урбани вести

ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД БУГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска оствари протоколарна средба со висока бугарска делегација предводена од амбасадорот  на Република Бугарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов,  генералниот конзул на оваа земја во Битола, Димитар Иванов и министерот за образование и наука,  Красимир Влчев.

Во фокусот на разговорите беа образовниот процес, проектите од областа на здравството и социјалата. Главен акцент беше ставен на проектот кој се однесува на отворањето на Центарот за аутизам во Охрид. Се разговараше и за предвидените подводни активности и испитување на дното од Охридското Езеро кои ќе ги реализираат нуркачи од Бугарија и Охрид.

Градоначалникот Георгиески беше информиран и дека од наредната студентска година ќе биде зголемена квотата на македонски студенти кои бесплатно ќе студираат во Бугарија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

РЕНОВИРАН УЧЕНИЧКИОТ ДОМ ВО СКЛОП НА ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“

saso user

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ЌЕ ПРИРЕДИ ИФТАРСКА ВЕЧЕРА

saso user

Заев: Преспа е мозаик, Преспа обединува, Преспа е Европа.Ги повикувам сите граѓани да му дадеме живот и инцијатива на овој уникатен регион

saso user