Македонија

Гори стан позади Универзална

Пожар утрово избувнал во стан во центарот на Скопје, позади Универзална сала на улицата Христо Смирненски.

Од МВР го потврдуваат случајот посочувајќи дека пријава добиле пред околу еден час, во 9.40 часот, и оти станува збор за пожар во стан кој се наоѓа во поткровје.

Од Противпожарната единица на Скопје, пак, велат дека веднаш по пријавата на терен излегла поголема екипа со 4-5 возила бидејќи станува збор за густо населено место.

Според првичните неофицијални информации, не станува за посериозен случај, па дел од пожарникарите веќе се повлекуваат бидејќи пожарот е ставен под контрола.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Утре не очекува пороен дожд и грмежи

saso user

Спасовски: Изборната кампања ќе биде една од највалканите во историјата на земјава

saso user

Пријавете се за субвенции од 30.000 денари за печки на пелети

saso user