Бизнис

Контакти со финансиските институции на штандови пред Министерство за финансии

На специјални штандови поставени на платото на Министерството за финансии (МФ) граѓаните утре од права рака ќе можат да добијат корисни информации и знаење за финансиите и да се информираат за финансиските услуги и инструменти.

На штандовите, поставени по повод одбележувањето на Деновите на финансиска писменост, информираат од Министерството за финансии, ќе се претстават банките, осигурителните компании, штедилниците, како и институциите од Телото за финансиска едукација – Министерството за финансии, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и МАПАС.

„Граѓаните ќе можат да ги посетат штандовите од 10 часот до 14 часот во текот на утрешниот ден. Во рамки на предвидените содржини е и интерактивен детски корнер во кој е предвидени забавна и едукативна програма за деца до 10 години“, соопшти Министерството за финансии.

На настанот, како што е соопштено, ќе присуствуваат и првите луѓе на институциите од Телото за финансиска писменост – министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, престедателката на КХВ Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенција за супервизија на осигурувањето Климе Поповски и претседателот на Советот на експерти на МАПАС Максуд Али.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

АХВ: Колете ги свињите на чист простор и без многу публика

saso user

11 инвестироти ќе градат фотоволтаици во Свети Николе и во Македонски Брод

saso user

Нема веќе измамени туристи, агенциите ќе плаќаат осигурителна полиса

saso user