Број на текстови објавени денес: 34
Македонија

Штипските пчелари очекуваат плодна година и чист мед за најмалку 400 денари

Пчералите од штипскиот регион очекуваат добра година и поголема количина мед од своите пчелни семејства. Перо Ѓоргиев, пчелар, вели дека времето е погодно за пчелните семејства, а генерално климатските промени во изминатите години имале влијание врз пчеларството во овој регион, со што намалено им е и производството на мед.

– Во текот на денот има повремени дождови и Сонце. Тоа е добредојдено за пчелите, но доколку има дождови интензивно и го измие цветот и ги исчисти таму е критично за пчеларите. Сметам дека оваа година ќе биде добра, вели Ѓоргиев. 

Иако, пчеларите годинава очекуваат поголеми количини мед, цената, вели тој, останува иста.

Многу пчелари го продаваат медот за 350 денари и сметам дека тоа е е добро. Јас го продавам по 400 денара. Чист мед под 400 денари не смее да се продава, вели Ѓоргиев.

Во Источниот регион има околу 400 регистрирани пчелари и околу 15.000 пчелни семсјства. Со просечни приноси од околу 40 килограми по пчелно семејство, годишно во регионот се произведуваат околу 600 тони мед.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јанева не е во хашкото одделение во затворот Шутка за да не се сретне со Боки 13

saso user

Тимоние: Франција наскоро ќе го ратификува протоколот за НАТО, за Извештајот на ЕК ќе се дискутира

saso user

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Заев

saso user