Број на текстови објавени денес: 47
Спорт

Русија преку пенали до бронзата на Светското првенство во хокеј, Финска и Канада во финалето

Репрезентацијата на Русија го освои третото место и бронзениот медал на хокеарскиот Мундијал во Словачка, откако попладнево ја совлада Чешка со 3:2, по пенали.

Резултатот по трите третини беше 2:2.

За Русија ова е трет бронзен медал во последните четири години. Русите беа трети на големите натпреварувања и во 2016 и 2017 година, а во 2018 останаа без медал.

Вечерва од 20 часот и 15 минути почнува финалето на СП во кое се среќаваат Финска и Канада.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дибиров: Не можев да замислам дека пак ќе го одам овој пат со трофејот

saso user

Вилијамс ќе го пропушти првиот ден од тестовите во Барселона

saso user

Ѓоковиќ уверливо на полуфиналето на Роланд Гарос

saso user