Број на текстови објавени денес: 34
Свет

Принцот Вилијам ја третирал Кејт како слугинка додека биле во врска

Ендрју Мортон, авторот на книгата „Вилијам и Кетрин“, која излезе пред венчавката на војводата и војвотката од Кембриџ, тврди дека нивната врска била катастрофална и дека бројни пријатели се чудат како воопшто завршиле во брак.

Во книгата за кралската двојка зборувале луѓе кои се дружеле со нив додека биле во врска и ретко кој има убаво мислење за нивната врска во која, Вилијам, наводно, ја третирал Кејт како слугинка.

Кога Вилијам и Кејт во 2007 година накратко ја прекинаа врската, бројни пријатели помислиле „Конечно се заврши тоа“, тврди Мортон. Вилијам ја држел Кејт на поводник и ја сфаќал здраво за готово, па често ја игнорирал во друштво, особено кога разговарал со други луѓе.

„Нивната врска постојано беше на работ. Секогаш проблеми и кавги. Вилијам ја третираше Кејт како слугинка, а не како девојка“, рекла една пријателка на кралската двојка и додала дека принцот со Кејт можел да прави сè што ќе посака.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ким Џонг Ун повторно си истрела неидентификувани проектили во морето

saso user

Пронајдена морска желка со копје во вратот (ВИДЕО)

saso user

Награда од Амнести интернешнл за активстката Грета Тунберг

saso user