Број на текстови објавени денес: 41
Свет

Први проценки: Во Франција победи партијата на Марин Ле Пен

Партијата Националниот собир на Марин Ле Пен, според првите проценки од денешното гласање победи на европските избори, јавува дописникот на МИА.

Крајно-десничарската партија предводена од Жордан Бардела доби 24 отсто од гласовите, односно може да се надева на 22 до 26 пратенички места во Стразбур.

Партијата на претседателот Емануел Макрон доживеа пораз, со 22,5 отсто од гласовите, односно листата предводена од Натали Лоазо ќе има меѓу 20 и 24 седишта.

Листата на Европа Екологија предводена од Јаник Жадо се наметна како трета политичка сила со 12,5 отсто од гласовите и со можност да има меѓу 11 и 14 европратеници.

Републиканците од семејството на Народните партии, предводена од Франсоа-Ксавие Белами падна на само 8,5 проценти од гласовите со само 7 до 10 европратеници.

Непокорна Франција на Жан Луи Меланшон, предводена од Манон Обри освојѕва 6,5 отсто од гласовите, исто како и листата на Рафаел Гликсман Желба за еколошка и социјална Европа (социјалистичка партија), двете листи можат да се надеваат секоја на 5 до 8 европратеници.

Значи мобилизацијата на француските гласачи од кои дури 51,3 отсто излегоа да гласаат, што е највисоко учество на европските избори од пред 30 години, очигледно беше во полза на крајната десница и еколозите, но и отфрлање на политиката на Емануел Макрон, кој вечерва губи дел од своето влијание во Европа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Над 650 илјади лица во Германија немаат сопствен дом

saso user

Иран го претстави ракетниот систем „Бавар-373“, што е пандан на рускиот „С-300“

saso user

Прва жена лауреат на најпрестижната награда по математика

saso user