Број на текстови објавени денес: 39
Македонија

Почна „генералката“ на Бихаќка

Резултатите од претседателските избори и можните кадровски смени во партиските редови, но и во извршната власт се тема на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ што, пред околу половина час, почна во седиштето на партијата на Бихаќка.

Фросина Ташевска Ременски, потпретседател во СДСМ пред почетокот на седницата очекува да бидат продискутирани предлозите што ќе ги поднесе лидерот на партијата Зоран Заев, а одлуките да бидат донесени со консензус.

– Ние сме политичка партија која што дискутира за сите прашања низ органите на партијата и одлуките ги носиме со консензус без притоа да ги мериме низ личната перцепција. Сето она што го имам да го кажам како мој став и како моја забелешка ќе го дадам на централниот одбор. Ќе ги слушнеме одлуките и предлозите од лидерот. ќе ги дискутираме и Централниот одбор ќе носи одлуки, изјави Ременски, која е пратеник и потпретседател во Собранието.

Пред почеток на состанокот министерот за внатрешни работи и потпретседател на партијата Оливер Спасовски рече дека очекува вечерва да донесат одлични одлуки.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески прашан дали очекува да биде сменет од функцијата, не сакаше да даде коментар, туку рече дека има доверба во мандатарот.

Пред почетокот на седницата изјава даде и потпретседателот на партијата и градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

– Очекувам дека одлуките што вечерва ќе ги донесеме ќе бидат одлуки што ќе овозможат функционална организација и на партијата и на институциите, како и победа над примитивизмот, фашизмот и неписменоста што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 15 години, изјави Шилегов.

Централниот одбор заседава во проширен состав. Покрај најтесното раководство, тука се и пратеници и министри, претставници на општинските организации, како и претставници од партиите во владината коалиција.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пленковиќ: Ќе направиме сѐ Македонија да добие датум во јуни

saso user

МВР со посебен сообраќаен режим на сообраќајот за концертот на Здравко Чолиќ во Скопје

saso user

Почина Васил Пујовски, драматург и автор на детски песни

saso user