Број на текстови објавени денес: 40
Спорт

Над велешко езеро се вози првата ендуро трка

Над велешко езеро „Младост“ денеска се одржува првата трка од државниот шампионат во класата ендуро за 2019 година.

– Истовремено со ендуро трката се одржува и Велес – Офроуд за аматерските ендуро возачи без лиценци се вози на истата патека со мали измени, а се со цел да се излезе во пресрет на се поголемиот број почетници – љубители на овој спор, појаснуваат организаторите мото клуб „Мото Велес“, кои трката и годинава како и лани ја организираат во соработа со Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес.

Сашко Ванов, претседател на мото клубот „Мото Велес“ изјави за МИА дека трката што се одвива по нерамна земјена патека за ендуро, ќе  се бодува за државниот шампионат во Ендуро и ќе се вози во четири класи : E1 , E2 , E3 и ветерани .

На ендуро трката ќе учествуваат ендуро возачи од мото клубовите во земјава, а во дисциплината ендуро возачи без лиценци и во категоријата ветерани и мото возачи од земјава и соседните земји, најавува организаторот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почина легендарниот фудбалер на Ливерпул, Томи Смит

saso user

Торонто Репторс со историска прва титула во НБА

saso user

Двојна круна за одбојкарките на Работнички Скопје

saso user