Број на текстови објавени денес: 13
Балкан

Лидерите на грчките партии ги повикаа граѓаните да гласаат

Порака до Грците дека денеска треба да излезат и да гласаа, упатија лидерите на најголемите партии откако го остварија нивното право на глас, јави дописничката на МИА од Атина.

-Денеска зборот е кај граѓаните. Целосно имам доверба во нивната одлука и сигурен сум дека утре ќе се раздени нов светол ден за нашата татковина, порача лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

-Денеска граѓаните со нивниот глас вртат страница во Европа и во Грција. Ја затвораат вратата на екстремната десница и на популизам и го отвораат патот за прогресивни разврски во нашата земја, рече претседателката на Движењето на промени, Фофи Генимата, откако го оствари своето право на глас.

-Сакам да испратам порака, особено до младите луѓе. За да се родиме, сперматозоидот не се колебаше, отиде напред. Не остана да гледа што прават другите. Тргна и на крај успеа. Одлучи се, не останувај назад, гласај, порача лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис.

-Денеска е празник за демократијата. Посакувам да бидат избрани најспособните, највредните и воглавно, најчесните. И да запамети грчкиот народ, граѓаните кои денес ќе гласаат, ќе треба, особено за Европскиот Парламент, да изберат луѓе кои сакаат да ѝ служат на Грција, а не Грција да им служи нив, рече претседателот на Независни Грци, Панос Каменос.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дачиќ: Србија нема никаква врска со терористичкиот напад на Нов Зеланд

saso user

Српскиот патријарх до Ѓукановиќ: Бог нека му даде ум да размисли што прави

saso user

Потона брод со мигранти во близина на Бодрум

saso user